Убиена Ксенија Пајчин
17 март 2010

Мртвите тела на српската пејачка и нејзиното момче Филип Каписода биле пронајдени во нивниот стан во Белград а според информациите, откако Каписода ја застрелал Пајчин, самиот си го одзел животот.
Безживотните тела ги пронашла мајката на Ксенија Пајчин, по што пристигнала полицијата. Соседите пријавиле оти неколку часа порано чуле два истрела.
Информативната служба на Министерството за внатрешни работи на Србија потврдила дека 32-годишната Пајчин имала влезна и излезна рана на главата, додека 22-годишниот Каписода имал само излезна рана на темето.
Соседите изјавиле дека парот во последните денови често се расправал, а полицијата неодамна била во нивниот стан бидејќи добиле пријави за насилство.
|
Останати вести
|
|
|
|
|
|
Кајли Миног призна дека никогаш не сонувала за својата свадба...
|
Алиша Кис го благослови своето неродено дете со традиционална церемонија...
|
|
|
|