30 роденден на Електрични Оргазам
25 јануари 2010
Три децении на успешна кариера деновиве ја прославува белградскиот авангарден состав Електрични оргазам. Во чест на својот 30-ти роденден, Оргазам на фановите им нуди бесплатна снимка од својот концерт одржан на 2-ри јануари 2010 година во белградскиот клуб Академија. Ова неповторлива прошетка низ целата кариера на Електрични оргазам е со време траење од 84 минути, а бесплатно може да се симне интернет. Концертот го отвора експлозивната Конобар, по што се редат антологиските: Mentalno, Ne postojim, обработката на Дејвид Бови - The Man Who Sold the World, Krokodili dolaze, Leptir, Hajde bejbe daj da vidim sad како и многу други..Оваа пролет, во чест на jубилејот, Електрични оргазам ќе го објави својот нов студиски албум насловен То што видиш, то и јесте.

|
Останати вести
Линдзи Лохан дојде на Модната недела во Милано, а веќе при самото пристигнувaњe мораше да направи некаква лудост...
|
Пејачката Бритни Спирс многу добро го знае светот на таблоидите, папараците и јавното покажување...
|
Ѕвездата на филмовите „Умри машки“ и бившиот сопруг на Деми Мур, со која има три деца, признава дека понекогаш едвај успева да ги задржи солзите...
|
Крис Нот кој во култната серија Сексот и Гардот ја толкува улогата на „Мистер Биг“ за малку ќе настрадаше во Њујорк...
|
Рокерката се појави во застрашувачко издание на забавата после ревијата на Роберто Кавали во Милано...
|
|
|
|