Подарок телескоп за роденденот на Тоше Проески
25 јануари 2010
Обожаватели на Тоше Проески, членови на меѓународниот „Тоше фан-клуб форум „денеска на денот на неговиот роденден ќе му подарат на семејството телескоп со врвен квалитет, што во саботата го донесоа во фондацијата „Тоше Проески“ во Крушево.Во Тошевиот фан-клуб форум членуваат над 10.000 љубители на Тоше, кои спонтано во Интернет-контактите дошле до идеја да регистрираат ѕвезда што ќе го носи името на македонската мега ѕвезда на сите времиња, кој пред две години замина во легендите. Како носители на иницијативата, фановите го платиле и кумството за ѕвездата, а сега купиле и телескоп. Телескопот напролет ќе биде поставен во дворот на манастирот „Свето Преображение“. Ќе биде сместен во соодветен објект од каде што ќе можат сите туристи да ја набљудуваат ѕвездата „Тодор Тоше Проески. Телескопот во просториите на фондацијата го монтираше астрономот Радан Митровиќ од Астрономско друштво од Скопје.

|
Останати вести
Линдзи Лохан дојде на Модната недела во Милано, а веќе при самото пристигнувaњe мораше да направи некаква лудост...
|
Пејачката Бритни Спирс многу добро го знае светот на таблоидите, папараците и јавното покажување...
|
Ѕвездата на филмовите „Умри машки“ и бившиот сопруг на Деми Мур, со која има три деца, признава дека понекогаш едвај успева да ги задржи солзите...
|
Крис Нот кој во култната серија Сексот и Гардот ја толкува улогата на „Мистер Биг“ за малку ќе настрадаше во Њујорк...
|
Рокерката се појави во застрашувачко издание на забавата после ревијата на Роберто Кавали во Милано...
|
|
|
|