Сапуница на повидок
2 јули 2009

Еден ден откако вчера Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик премиерно ги покажаа новите близначки, американските медиуми ја скршија сликата на среќно семејство.
Имено во Холивуд излегоа нови шпекулации дека Бродерик ја изневерува ѕвездата на „Sex and the City“ со некоја позната четириесет годишна жена. Близначките требаше да го зацврснат бракот на Метју и Сара, кој и претходно беше разнишан од истите причини. Неименуваниот извор тврди дека Бродерик и Паркер во болницата пристигнале одвоено.
Минатиот јули, „US magazine“ објави дека Метју има три месечна афера со 25 годишна девојка. Двојката не ги негираше тврдењата никогаш, но и покрај сите турбуленции во бракот, тие сè уште се заедно. Дали приновата во семејството ќе успее да го спаси бракот на славните актери?
|
Останати вести
Линдзи Лохан дојде на Модната недела во Милано, а веќе при самото пристигнувaњe мораше да направи некаква лудост...
|
Пејачката Бритни Спирс многу добро го знае светот на таблоидите, папараците и јавното покажување...
|
Ѕвездата на филмовите „Умри машки“ и бившиот сопруг на Деми Мур, со која има три деца, признава дека понекогаш едвај успева да ги задржи солзите...
|
Крис Нот кој во култната серија Сексот и Гардот ја толкува улогата на „Мистер Биг“ за малку ќе настрадаше во Њујорк...
|
Рокерката се појави во застрашувачко издание на забавата после ревијата на Роберто Кавали во Милано...
|
|
|
|